Полицијата привела четиринаесет лица во локал во тетовско

10

Тетовската полиција ноќеска од 22.15 часот до 23.45 часот во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во локал во Желино при што се приведени 14 лица поради работа спротивно на прописи во време на епидемија.

Во објектот биле затекнати 19 лица – гости и 13 женски лица кои ги забавувале гостите. Од нив осум биле државјанки на Република Албанија и пет македонски државјанки. Сопственикот З.С.(49) од с.Желино  и 13-те женски лица биле лишени од слобода, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.  Претходната вечер слична акција со приведени 12 лица имаше во Тетово. 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.