Полицијата пронајде и одзеде 427 пиротехнички средства

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.П.(27) од кичевското село Осој, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

При преглед, извршен на 15.01.2022 на улица „Гоце Делчев“ во Кичево, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа 427 пиротехнички средства што нелегално ги поседувал.