14.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Полицијата само во Скопје изрече 147 казни, 13 се за пешаци

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.11.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 147 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 11 санкции, 10 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 13 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, четири за непрописно престигнување и обиколување…

Сообраќајните контроли продолжуваат. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.