Полицијата синоќа одземаше марихуана во Центар, Карпош и во Гостивар

Полициски службеници од СВР Скопје утринава во 2:30 часот на подрачјето на Центар го лишиле од слобода И.С.(23) од Битола, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски службеници од Полициската станица Гостивар вчера во 20:30 часот во Гостивар го лишиле од слобода Б.С.(44) од Гостивар, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 23:30 часот на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода М.Е.Ј.(37) од Скопје, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.