Полицијата трага по исчезнатиот градоначалник на Сеул

. EPA-EFE/YONHAP SOUTH KOREA OUT

Јужнокорејската полиција објави во четвртокот дека трага по градиначланикот на главниот град Сеул, Парк Вон-сун, откако неговата ќерка го пријавила исчезнувањето.

Полицијата го бара Парк во округот Сенонгбук-донг во северниот дел на Саул, каде што последен пат бил забележан сигнал од неговиот мобилен телефон. Неговата ќерка го пријавила исчезнувањето и навела дека телефонот му е исклучен.

Парк ја напуштил службената резиденција во 10,40 часот по локално време, носел црна капа и ранец. Претходно го откажал политичкиот состанок закажан за четвртокот рано претпладнето, како и попладневна средба со образложение дека не се чувствува добро, се наведува во извештаите на локалните медиуми.

Во меѓувреме локален весник објави дека било пронајдено безживотното тело на Парк Вон-сун, но полицијата на Сеул експресно ја демантираше оваа информација.

Парк е градоначалник на Сеул од 2011 година, а либералите го сметаат за потенцијален кандидат за претседателските избори во 2022 година.