Полицијата во Охрид пронајде пиштол кај 57 годишник за кој не поседувал дозвола

На 28-10-2022 година, при претрес извршен по судска наредба во домот на В.Ј.(57) од Охрид, полициските службеници пронајдоа еден сигнален пиштол марка „Ekol Dicle“ калибар 9 милиметри кој, го поседувал без соодветна документација.

Истиот, врз основа на членот 396 од Кривичниот законик е одземен, В.Ј е приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.