Полицијата забрани пристап до плажите во Барселона, бидејќи граѓаните ги игнорираа апелите

27

Полицијата вчера го блокираше пристапот до повеќето плажи во Барселона поради тоа што многу граѓани го игнорираат барањето на властите да останат дома откако нов бран од корона вирус го зафати градот.

Полицијата ги спречи луѓето да дојдат на плажите и преку мегафон ги повикуваше граѓание кои веќе се наоѓаа на нив да си заминат бидејќи биле преблиску едни до други, што го зголемува ризикот од зараза.

Откако Шпанија ги укина тримесечните рестриктивни мерки кои придонесоа за сузбивање на епидемијата, најсериозна е ситуацијата во Барселона и во други области во Каталонија.

Каталонските власти пријавија повеќе од 1 200 нови случаи на заразата во последните 24 часа.

Заради влошување на епидемиолошката ситуација, во Барселона од денеска е забрането собирање на повеќе од 10 лица. Властите препорача до жителите на Барселона и соседните општини да ги напуштаат своите домови исклучиво за работа или неопходни ситуации.

Заразата со корона вирус досега во Шпанија потврдена е кај повеќе од 300 илјади лица, од кои починати се повеќе од 28 400.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.