Полиција влезе и во домот на обвинителката Лиле Стефанова

Во рамки на истрагата која ја отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција извршен е претрес во домот на обвинителката во СЈО, Лиле Стефанова, објави Плусинфо.

Таа го води предметот „Империја“ кој СЈО го отвори во ноември лани.

Освен кај неа, истражните органи влегоа и кај Катица Јанева на која ѝ го заплениле мобилниот телефон.

Во истрагата за примање награда за противзаконито влијание осомничени се Бојан Јовановски – Боки 13 и бизнисменот Зоран Милески – Кичеец. Боки 13 е осомничен и за перење пари. За двајцата се бара притвор.