Полиција влезе во домот на Боки 13 и во 1ТВ (ВИДЕО)

Инспектори заедно со полиција влегле вечерва во домот на Бојан Јовановски во скопската насела Тафталиџе. Полицијата влезе и во 1ТВ, чиј сопственик е тој.

Од ОЈО издале наредба за претрес на канцеларијата и домот на Јовановски по денешното приведување.

Боки 13 попладнево беше уапсен на  граничничниот премин Богородица на барање на Обвинителството за организиран криминал. Приведен и е бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец. Двајцата се спроведени во Кривичен суд на распит.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.