Полицијата ги проверуваше фирмите на Нефи Усеини

81

Инспектори од Секторот за економски криминал на СВР Охрид вршат проверка во фирми на охридскиот советник Нефи Усеини.

Детали од МВР не откриваат, но кусо сооптшија дека во координација со ОЈО направени се проверки на вистински лица , а во врска со претходно отворени истраги.

Неофицијално проверката се прави во бетонската база која се наоѓа во близина на болницата Свети Еразмо.

Во меѓувреме советникот Усеини во телефонска изјава за ТВ 24 рече имало увид само на бетонската база. Тројца инспектори ја проверувале исправноста на механизацијата, условите за работа на работниците и барале документи околу нивното вработување, осигурување и сл. Во канцелариите на компанијата Нефи ИК се уште не е извршен никаков увид, но Усеини вели дека е подготвен во секое време да ги покаже сите документи за работењето на неговата компанија.

Инаку Усеини во изминатиов период е во центарот на вниманието откако нелегално изгради тераса пред неговата пицерија која всушност се наоѓа во заштитениот дел на Охрид.

Иако беше наложено  нејзино уривање одлуката се уште не е спроведена.

Усеини  најави дека сама ќе ја руши терасата ако градот Охрид ги урне сите дивоградби.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.