Полицијата го истражува петтиот напад во Лондон во четири дена

Лондонската полиција во вторникот соопшти дека го истражува петтиот по ред напад со нож во последните четири дена во ист кварт на северен Лондон, а властите се обидуваат да се фатат во костец со големиот пораст на ваквите напади во Велика Британија.

Четири жртви беа избодени од задгрб од саботата вечерта до утрото во неделата во округот Едмонтон во северозападен Лондон, а истрагата соопшти оти верува дека нападот не е поврзан со тероризам. Една жена и тројца мажи биле нападнати со нож додека мирно оделе во квартот Едмонтон. Медиумите пишуваа дека две лица се во критична состојба, од кои едната жртва е 45-годишна жена.

Двајца мажи се уапсени под сомневање за наносување тешки повреди и се притворени.

Во петтиот напад избоден е 30-годишник. Тој е најден во вторникот рано утрото со повреди опасни по животот и итно е префрлен во болница.

„Верувам дека настаните во текот на викендот предизвикаа голема загриженоста во заедницата, како и дека овој инцидент ќе предизвика уште повеќе паника. Засега овој инцидент не е официјално поврзан со другите напади, но локацијата и начинот на нападот ќе ја загрижат јавноста“, изјави дететективот Лук Маркс.

Во понеделникот премиерката Тереза Меј одржа посебен состанок на кој се расправаше за можните решенија за справување со големиот пораст напади со нож.

Во текот на минатата 2018 година, во Англија и Велс регистрирани се 285 смртни напади со нож, најмногу откако е започнато да се води евиденција пред повеќе од 70 години, покажаа официјалните статиските објавени во март годинава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.