Полицијата вчера во 02.55 часот при контрола на возило на автопатот Велес-Скопје, на клучката кај Катланово, сопрела возило марка „Форд транзит“ со струшки регистарски таблички во сопственост на А.К., а управувано од лицето со иницијали Д.И. од Скопје. При контролата на возилото биле пронајдени 22 илегални мигранти , четворица државјани на Сомалија, четворица државјани на Коморе, шестмина државјани на Сирија, тројца државјани на Авганистан, по две лица државјани на Бангладеш и на Брегот на Слоновата Коска, како и едно лице државјанин на Египет. Меѓу мигрантите имало и малолетни лица и две жени. Против возачот е поднесена кривична пријава.
Возачот на возилото појаснил дека за надомест од 500 евра кои требало да ги добие по завршувањето на работата, ги превземал луѓето до казиното „Принцес“ на патот од граничниот премин „Богородица“ кон Скопје. Насоки за ваквото дејствие добил од неговиот пријател.
Мигрантите пак на полицијата и рекле дека државната граница ја поминале пеш од Р.Грција кон Р.македонија со помош непознато лице, државјанин на Пакистан, за што платиле суми меѓу 200 и 800 евра. Потоа заедно со него се упатиле до местото кадешто требале да ги превземе возилото управувано од пријавениот. Потоа требало да се упатат кон европските земји преку Србија.