Полицијата процени 125.000 демонстранти во Франција, 1.385 лица приведени

Околу 125.000 демонстранти излегле на улиците на француските градови во саботата, проценува полицијата според францускиот министер за надворешни работи кој додаде дека се приведен 1.385 лица по четвртиот ден од собирите на неформалното движење „Жолти елеци“ кое не изнесе свои процени за масовноста.

„Во моментов кога ви се обраќам, 1.385 лица се приведени, но оваа бројка веројатно ќе се зголеми. Во притвор се задржани 975 лица, но и оваа бројка најверојатно на крајот ќе биде поголем. Прибегнавме на приведвуања по ескалација на насилството“, изјави францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер

Изразувајќи задоволство поради промената во стратегијата за дејствување на бебедносните сили. Според Кастанер, токму тоа продонело за прекин на динамиката на дејствување на насилниците.

Само во престолнината Париз, каде што се проценува дека протестирале осум илјади луѓе, полицијата во саботата привеле 920 лица, а од нив 619 се задржани во притвор. Кастанер извеси и за 118 поврњедени меѓу демонстрантите и 17 меѓу припадниците на силите за спроведување на редот. Потсети дека на протесторе одржани минатата сабота на 1-ви декември, биле повредени 201 демонстрант и 284 припадници на полицијата.

Протестите на неформалното движење „Жолтите елеци“ во Франција во саботата утрото започнаа драматично, со апсење на 320 лица и фрлање солзавец, на улиците беа распоредени 89.000 полицајци и оклопни возила на француската жандармерија. Француската полиција соопшти дека утрово превентивно се уапсение објаве 320 лица под сомнение дека планирале насилства врз луѓе или уништување објекти. Според некои медиуми, овааа бројка се движи околу 800 приведени лица. Превентивните апсења се спроведени при контролата на личните исправи и претрес на демонстрантите на главните пунктови каде утрово се собираа демонстрантите.

Во делови на Париз дојде до судири меѓу полицијата и демонстрантите, по што безбедносните сили употребија солзавец. Во обид да стасаат до Елисејската палата беа пресретнати од полициските сили, по што избија судирите. Првпат по 13 години, француската полиција испрати оклопни воила на улиците на главниот град,

Во Париз затворени за посетителите се главните музеи Лувр, Орсе, Оранжери, етнографскиот музеј Барнли. Попречен е и пристапот до Ајфеловата кула, откажани се многу театарски претстави и други културни манифестации, поради што загубата се проценува на повеќе од 100 илјади евра. На западот од француската престолнина затворен е и посетениот комплекс дворци Версај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.