Полицијата се уште трага по тригодишното дете од Штип

Штипската полиција и понатаму трага по тригодишното дете кое исчезна пред два дена.

Тригодишниот Чинар Сулејманов излегол околу 8 часот од домот во вторникот  и според неговиот татко последен пат бил виден како питачи на плоштадот во Штип со уште две малолетни деца. 
Детето е облечено во сина јакна и фармерки, и со оглед на возраста не знае добро да зборува. Доколку некој види три годишно детенце како оди по улиците, од семејството молат веднаш да пријави во полиција.