Полицијата три дена барала изгубена кокошка

Еден полициски тим минал три дена барајќи кокошка која побегнале од своите сопственици бидејќи била бркана од мачка.

Снегулка, осумнаесетмесечена кокошка, последен пат била видена како бега од мачката во дворот од куќаа во Хемпшир, Англија.

Кога Карла Хоџсон (40) стигнала дома, од кокошката немало ниту трага и таа морала да ја повика полицијата на помош. Полицајците на почетокот мислеле дека станува збор за шега, но на подоцна пратиле екипа да ја бара кокошката. Соседите се придружиле во потрагата по Снегулка и ја пронашле кај деца кои ја пронашле врз еден автомобил.

Кокошките може кратко да летаа, доколку се многу исплашени, па Снегулка, прелетела до блискиот автомобил бегајќи од мачката.

„Снегулка е вистински миленик. За неа се грижам уште кога беше пиле. Кога ги одгледувате од мали нозе, навистина на вас гледаат како на мајка“, вели сопственичката на кокошката додавајќи дека и’ паднал камен од срцето кога ја пронашле Снегулка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.