Полицијата вчера во Скопје санкционираше 52 возачи

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се 20 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив седум возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, 8 возачи кои го управувале своето возило по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола и 24 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или, пак го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

На подрачјето на Град Скопје, во текот на изминатиот ден, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди.

Шест од нив, се со последица материјална штета, а пет се со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, двајца пешаци и тројца сопатници.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамки на акцијата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе одржи едукативни работилници во Основното и Подрачно училиште „Кузман Јосифовски Питу“ кои се наоѓаат на територијата на општина Кисела Вода, со учениците од второ и четврто одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Денеска на крстосниците во централното градско подрачје ќе биде реализирана обука за физичка регулација на сообраќајот на кандидатите за полициски службеници. Обуката ќе биде реализирана од страна на Единицата за безбедност во патниот сообраќај и Центарот за обука при МВР.

Апел до возачите да бидат претпазливи, толерантни и да ги почитуваат знаците што ќе ги даваат полициските службеници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.