Полициска акција во Арачиново, запленети дрога и оружје

Полициска акција била спроведена изминатава ноќ во скопското село Арачиново, дознава НетПрес од полициски извори.

Нашите информации велат дека операцијата на МВР била спроведена по претходно добиени информации. Полицијата извршила претрес во објект во селото каде пронашла и запленила околу седум килограми марихуана, како и оружје со боева муниција.

Уапсени биле двајца браќа, под сомнение за трговија со дрога и недозволено поседување огнено оружје и боева муниција.