Полицијата утринава врши серија претреси и апси членови на криминален клан од Грчец, кои се поврзани со трговија со дрога и убиства, дознава МИА.
Претреси се прават во Грчец, Дуќанџик, Чаир и други локации. Според досегашни информации, веќе има неколкумина уапсени, а акцијата е сѐ уште во тек.
Во текот на денот, по завршување на акцијата, се очекуваат повеќе детали од МВР.