Полициска акција во Скопје: Во бункери пронајдени автоматски пушки, пиштоли и хероин

Бирото за јавна безбедност во заедничка акција со СВР Скопје на улица Алпи во Скопје и во специјално направени бункери пронајде повеќе видови оружје и дрога.

Меѓу другото запленети се и три автоматски пушки, една снајперска пушка, два автоматски пиштоли со пригушувачи, рамки со муниција, една полуавтоматска пушка, кое потекнува од кривично дело тешка кражба од продавницата за оружје. При пребарување на теренот, во специјално направен бункер пронајдено е околу 2.5 кг хероин.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.