Полициска акција за апсење на напаѓачите во „Александар Палас“

Пет лица се уапсени во понеделникот вечерта од специјалните полициски единици. Во тек е голема полициска акција во скопсaта населба Карпош, во хотелот „Александар Палас“, речиси два дена откако се случи престрелка меѓу две криминални групи, пишува порталот Вечер

Повеќе полициски теренски возила со припадници на единицата за брзо распоредување, го  вршат апсењето на лицата коишто во моментот биле затекнати во „Александар Палас“.

Силно полициско обезбедување е во целата населба каде што се врши контрола на возилата во тој дел.

Да потсетиме пред два дена во хотелот „Александар Палас“ се случи вооружена пресметка помеѓу де криминални нарко групи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.