Полициска интервенција поради кавга во станот на Борис Џонсон

Полиција била повикана во лондонскиот дом на поранешниот шеф на дипломатијата и лондонски градоначалник Борис Џонсон и неговата партнерка Кери Симондс, откако соседите наводно слушнале гласна кавга, пренесуваат во саботата британските медиуми.

Пристигнувајќи на местото на настанот, полицијата во петокот утрото разговарала со двајцата и соопшти дека се „добро и сигурни“ и дека „немало причина за полициска интервенција“.

За дневниот весник The Guardian, сосед рекол дека слушнал вресоци на жена, откако се слушнало тропање во станот, пренесува британскиот јавен сервис BBC. Според соседот се слушале викотници, од кои се разбирало дека Џонсон ѝ вика на партнерката да го остави неговиот лаптоп, како и дека одбива да излее од станот, како и нејзините гласни зборови дека со вино ја уништил софата и дека „не му е до ништо, бидејќи сѐ уништува, дека не за грижи за парите, ниту за нешто друго“.

Инаку по петтиот круг од гласањето за новиот челник на владејачката Конзервативна партија и наследник на премиерката Тереза Меј, во четвртокто останаа фаворитите Борис Џонсон со 160 гласови и министерот за надворешни работи Џереми Хант со 77 гласови. Џонсон беше првото лице за раздружувањето на Лондон од Брисел, а Хант некогаш беше противник на британското напуштање на Европската унија, сега е кандидат кој ветува брегзит со договор.

Педесет и петгодишниот Џонсон, кој беше два мандата градоначалник на бртоанската престолнина, се смета за единствениот кандидат кој Обединетото Кралство може да го изведе од ЕУ до 31-ви октомври и да се справи со десничарската партија Брегзит на Најџел Фараж, како и со левата Лабуристичка партија на Џереми Корбин.

Џонсон и Хант ќе учествиваат на 16 предизборни дебати ширум Велика Британија во трката за челната позиција кај „Ториевците“, односно за премиер. Првиот таков собир се одржува во сабота во Бирмингем, на кој кандиатите ќе одговорараат на прашања на членовите на Конзервативната партија, во пресрет на третата годишнина од референдумот за брегзитот кој е причина за оставката на премиерката Тереза Меј, но и за главнтоо прашање – на нејзиниот наследник. Најдонца до крајот на јули 160.000 членови на Конзервативната партија на внатрепартиските избори ќе гласат дали Џонсон или Хант ќе стане партиски лидер и британски премир.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.