Полициска улична бркотница по наркодилер

Драгослав Космајац (61), најголемиот наркодилер во Србија, како што пред неколку денови го нарече српскиот премиер Александар Вучиќ, престојувал на црногорското приморје во градот Херцег Нови, со својот син Л.К. (24), објавува весникот „Курир“, пренесува Нетпрес.

Повикувајќи се на неофицијални информации, весникот пишува дека црногорската полиција се обидела да запре автомобил, во кој биле две лица, односно таткото и синот.

Но, наместо да запре, возачот забрзал и успеал да и побегне на полициската патрола.

„Во рутинска контрола се обидовме да сопреме автомобил, во кој според описите, се наоѓаше Космајац. Но, возачот наместо да застане, забрза и почна да бега. Околу еден час подоцна лицето Л.К. се појави на местото каде беше полициската патрола и самиот се пријави. Тврдеше дека и при бегството во возилото бил сам. Беше казнет за брзо возење, а глобата ја плати веднаш. По неговиот татко нема никаква потерница, ниту пак, пријава од Србија, за ние да би можеле да го приведеме. Веднаш штом колегите од Србија ќе ни достават било какво барање, секако дека ќе им излеземе во пресрет“, соопшти за весникот од црногорската полиција.