Полициската акција во Струмица, се апсат цариници од ГП Ново село

Цариници од граничниот премин Ново село и други лица се апсат во голема полициска акција во повеќе градови во земјава.

Во акцијата се апсат цариници и лица кои се сомничат за криумчарење на разни стоки преку граничниот премин на македонско-бугарската граница. Акцијата се спроведува во Струмица, Штип и Богданци.

Во соработка со УЈП и Царинската инспекција почнуваат контроли во повеќе градови во земјава каде во различен вид продавници можела да се најде криумчарената стока, дознаваме од извори во истрагата. На мета се објеткти во Скопје, Струмица, Прилеп, Куманово, Виница и Штип.

Од Министерството за внатрешни работи ја потврдуваат акцијата, но повеќеее детали се најавуваат за подоцна.