Полициски службеник повреден во судир на „Партизанска“

Во сообраќајна несреќа во вторникот во раните попладневни часови на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје меѓу полициски возило и патничко возило повредено е едно лице.

„На 19.10.2020 во 13.15 часот било пријавено дека во Скопје, на булеварот ‘Партизански одреди’, се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило ‘фиат’, со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, управувано од 33-годишниот С.Ф. од Скопје и патничко  возило ‘фолксваген’, со скопски регистарски ознаки, управувано од 38-годишниот И.З.од Скопје.“ информираат од МВР.

Во незгодата С.Ф. се здобил со повреди, констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.