Полицискиот час го прекршилo 71 лице, при што 55 се приведени

Полицијата евидентирала 71 лице кои во изминатото деноноќие не го почитувало полицискиот час. Притоа привела 55 лица, а на останатите им зела податоци по што, како што соопштуваат од МВР ќе бидат преземени мерки.

-Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот 25/26 април по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 71 лице не ја почитувало забраната за движење, при што приведени се 55 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, информират од МВР.

Според статистичките податоци  на МВР изминатото деноноќие на 32 лица им се издадени решенија за изолација, а 47 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.