Полицискиот час го прекршиле 23 лица, маска не носеле 445, инфромира МВР

Синоќа 23 лица не ја почитувале забраната за движење, а во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата регистрирани се 455 прекршувања на мерката за носење лична заштита на лице, информира МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за спречување на ширењето на ковид-19.