Полицискиот час го прекршиле 36 лица, казнети 434 граѓани за неносење маска

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека од 20:00 часот синоќа до 05:00 часот утрово 36 лица не ја почитувале забраната за движење, додека во изминатото деноноќие, на територијата на државата за неносење заштита на лице се регистрирани 434 прекршоци.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите за спречување на ширењето на Ковид 19.