(ВИДЕО) Полицискиот час го зголеми процентот на семејно насилство за 44 отсто, рече Чулев

Наќе Чулев, министерот за внатрешни работи рече дека ограничувањето на движењето придонело за поголем број на семејно насилство, односно дека до МВР имало за 44% повеќе пријави.

Од друга страна, пак, ограничувањето, како што рече Чучев, го намалил процентот на кривични дела и кражби, пред се поради седењето дома на граѓаните, и присуството на армијата и полицијата на терен.