Полицискиот час почнува од полноќ, концертите и свадби ќе чекаат подобри времиња

Епидемилошка состојба се стабилизира и затоа треба да се релаксираат рестирктивните мерки, заклучија членовите на Комисијата за заразни болести на утринскиот состанок и доставија предлог до Владата според кој полицискиот час се скратува и почнува на полноќ, угостителите ќе работат до 23.30 часот, се отвараат фитнес центрите, дозволени се семинари и едукативни настани на отворено и затворено со 30 отсто од капацитетот, се зголемува бројот групите на дечиња во градинка на 20 а здравствените работници конечно ќе може да здвинат и да земат одмор.

На спортските натпревари ќе може да присуствуваат официјални лица но не и публика а свадби и концерти сега за сега нема да има.

Министерот Филипче соопшти дека притисокот врз здравствениот систем попушта па затоа  неколку клиники се враќаат во функција а повеќе од половина од капацитетите во болниците во внатрешноста се слободни. Според последните информации од министрството за здравство во моментов се хоспитализирани 748 пациенти.

Микробилогот Никола Пановски смета дека олабавувањето на мерките не е избрзано и дека здравствената состојба е стабилна, но граѓаните мора да се придржуваат до мерките и препораките

Пановски е скептик дека уште летово ќе се постигне колективен имунитет но е убеден дека вакцинацијата ќе даде резултати а бројките на починати кон крајот на летото ќе бидат едноцифрени.

По олабавувањето на рестрикциите останува прашањето за задолжителното носење на маски на отворено на кое Пановски се противи а министерот Филипче најави дека Комисијата ќе го разгледува наредната недела.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.