Полициските началници од Струмица, Штип, Битола и Охрид бараат извинување од директорот на БЈБ, оценуваaт дека се врши партиски притисок

Смешно е кога некој кој не ги познава законите зборува за негово почитување. Истовремено жално е човекот кој нема допир со работењето на полицијата да кажува како таа функционира, реагираше во неделата началникот на СВР Струмица, Васил Тородов, на изјавите на директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Сашо Тасевски за наводното непрофесионално постапување на полицијата во текот на здравствената криза.

„Како човек кој долго време сум дел од работењето на Министерството за внатрешни работи со сигурност можам да кажам дека не се случило Бирото за јавна безбедност да се злупотребува за политички цели, како што е тоа сега, а денешниот настан е типичен пример за оваа злоупотреба.

Министерот Чулев досега секогаш се залагал за целосно почитување и спроведување на законот и денешните изјави на директорот Тасевски се само лага и груба манипулација на јавноста. Најдговорно тврдам дека ниту еден од началниците до сега не го кажал тоа што денес го изјавува директорот Тасевски и од него барам извинување за оваа постапка. Во спротивно денешната изјава јас, но и моите колеги ќе ја сметам како обид за грубо политизирање на работење на Бирото за јавна безбедност, мешање и притисок во работата на Секторите за внатрешни работи и наша злоупотреба во партиски цели“, се истакнува во реакцијата на начални Васил Тодоров, началник на СВР Струмица

На реакците се надоврзува и првиот човек на охридската полиција.

„Ниту еден збор за пожртвуваноста и посветеноста на полициските службеници, ниту еден збор за покачување на платите на полициските службеници, ниту еден збор за фактот дека Министерството за внатрешни работи во изминатиот период успешно се справуваше со коронавирусот. Само груби лаги и манипилации. Јавноста треба да знае и да биде сигурна јас сум горд што сум дел од тимот кој што ја менува сликата на работењето во Министерството за внатрешни работи, горд сум што дел од високата раководна структура во Министерството со кое раководи Наќе Чулев.

Наводите изнесени во денешната изјава се чисти лаги. Јас, а верувам и ниту еден од моите колеги нема кажано таква изјава и во таа насока инсистирам во иднина да престане злупотребата на моето име и името на моите колеги во политички цели, но и генералното злоупотребување на полицијата со такви намери.
Уште еднаш потенцирам дека во целост ги отфрлам како неточни наводите во истата“, се истакнува во ракцијата на началникот на СВР Охрид, Илија Милески.

И началниккот на СВР Битола ја демантира изјавата на Тасевски поврзана со работата на началниците поставени од Министерот Наќе Чулев. Потенцирам дека во ниту една прилика од наша страна не е кажано дека се срамиме од министерот Чулев.

„Напротив, лично сум горд што сум дел од тимот на луѓе поставени од страна на Наќе Чулев кој досега во многу наврати покажа и докажа дека се работи за професионалец кој одлично си ја знае својата работа. Срамно е Министерството за внатрешни работи да се злоупотребува за добивање на политички поени на дневна основа и за манипулација со јавноста“, истакнува во реакцијата Андреј Василевски, началник на СВР Битола

„Јавноста треба да знае и да биде сигурна дека ова се само груби лаги и манипулации изнесени во денешната изјава на Тасевски. Јас, а верувам и ниту еден од моите колеги нема кажано таква изјава и во таа насока инсистирам во иднина да престане злоупотребата на моето име и името на моите колеги во политички цели, но и генералното злоупотребување на полицијата со такви намери
.
СВР Штип во изминатиот период покажа одлично справување со сите видови на криминал како и одржување на поволна безбедносна состојба во поглед на Јавниот ред и мир на подрачјето на СВР Штип.

Јас сум горд што сум дел од тимот кој што ја менува сликата на работењето во Министерството за внатрешни работи, горд сум што сум дел од високата раководна структура во Министерството со кое раководи министерот Наќе Чулев, кој пожртвувано се бори за правата на полициските службеници кои успешно се справуваа во борбата против пандемијата на КОВИД – 19.

Уште еднаш потенцирам дека во целост ги отфрлам како неточни наводите дадени во изјавата“, истакнува во писмената изјава Александар Николов како началник на СВР Штип.