Политички земјотрес во Европа – еврофоби и неофашисти освоија места во европскиот парламент!

Судејќи според изјавите на Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, кој во неколку последователни соопштенија и изјави ги повика доминантните партии во Европскот Парламент да се “здружат” и да “станат повторно заедно функционални”, можеме да насетиме дека постои загриженост од резултатите од одржаните избори за Европарламентот. Резултатите покажаа неочекуван пораст на симпатиите кон партии кои се еврофобно настроени, како и неофашистичките партии со силна антиимиграциона платформа.

Победата на крајно десничарската Партија на Националниот фронт во Франција е главна вест по вчерашните избори за европски пратеници. Партијата доби 25 отсто од гласовите на Французите. Националниот фронт на Марин Ле Пен, која е најголем победник во Франција освојува меѓу 24 и 26 отсто од гласовите на Французите и со тоа ќе земе меѓу 23 и 25 места во Европскиот наместо досегашните три.

Германската неонацистичка партија НПД за првпат во историјата ќе влезе во Европскиот парламент, според резултатите објавени утринава.

Се зголемува и влијанието на Австриската екстремна десница – Партијата на слободата освои цели 20% од гласовите на Авсријците и е трета политичка сила во Австрија.

Во Холандија, лидерот на Партијата на слободата (PVV) Герт Вилдерс, го освои третото место на иборите за Европскиот парламент. Иако поддршката за Вилдерс е опадната за скоро 5 отсто, од 17% во 2009 година на 12,2%, освоеното трето место секако заслужува внимание.

Белгија и овојпат покажа силна наклонетост кон сепаратистите.Фламанската сепаратистичка партија НВА е победник и на белгиските национални избори, одржани на истиот ден со европските, воедно освоила најмногу гласови и за претставници во Европскиот парламент.

Полската еврофобска партија Конгрес на новата десница е на пат да испрати во ЕП четворица пратеници, добивајќи 7,2 отсто од гласовите на европските избори, покажуваат излезните родови истражувањата. Движењето сака да влезе во ЕП, за да ја  ”пробие Европската унија одвнатре”

Во Данска, Финска и Велика Британија, резултатите од одржаните избори, исто така, покажуваат пораст на поддршката на партиите со антимиграциона платфора и анти-европска ориентација.

Со оглед бранот антиевропски, крајнодесничарски и радикално левичарски, единственото можно мнозинство изгледа е во голема коалиција меѓу конзервативците и социјалистите со евентуалната поддршка на либералите. Трите сили “немаат согласност за секој детал, но делат основниот консензус за Европа, која сега треба да биде поддржана”, рече Баросо.

Дојде моментот да се собереме и да ја дефинираме иднината на Унијата“, порачал Баросо во соопштението, додавајќи дека е уверен дека големо мнозинство членови на Европскиот парламент сакаат да го искористат предизвикот и „да им донесат опиплива корист на европските граѓани“.

Избраниците на изборите за Европската народна партија на Европскиот парламент се претежно од централно-десничарската определба. Европската народна партија доби 212 места, социјалистите 185, додека либералите се на третото место со 71 места. Иако  победува, партијата  губи една петтина од местата и е на пат да биде најголем губитник. Загубата на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) е 11 пратеници. Се очекува таа да има 185 пратеници во сегашните 196. Разликата меѓу ЕНП и ПЕС е 26 пратеници повеќе за конзервативците.   Досегашниот ЕНП имаше 58 пратенициво повеќе. Трета е “Алијансата на либералите и демократите во Европа” (АЛДЕ) со 75 пратеници. Според прелиминарните податоци “зелените” ќе имаат 58 места, евроскептичната фракција “Европски конзервативци и реформисти” – 39, Комунистите – 47, а Еврофобската “Европа за слобода и демократија” – 33 места. Дополнителни 40 места се определени за независните кандидати, а групата “други” вклучува 56 пратенички мандати. Се очекува токму кон нив да бидат распределени пратениците од крајно десничарските партии како на пример францускиот “Национален фронт”.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.