Политичкиот затвореник Ѓорги Доцев сонуваше за Обединета Македонија под покровителство на Америка

Слободна, независна и обединета Македонија под покровителство на Америка е мотото на организацијата ВМРО-Правда, која почнува да дејствува во периодот од 1949-1950 година, во која активно челнува и Ѓорѓи Доцев Банев Вачера кој вчера почина по кратко боледување во Скопје.

Пооранешниот политички затвореник, суден поради идеите за самостојна и независна Македонија во еден наш разговор исткана дека ВМРО-Правда дејствува од 1949 до 1950 година се до апсењето на нејзините активисти, меѓу кои е и секретарот Ѓорги Доцев Банев од Свети Николе, роден 1932 година. Речиси сите членови на организацијата се младинци од учителската школа во Штип. Организацијата е предадена од страна на Невенка Ципушева. ВМРО-Правда работело по ситемот на „тројки“.

– Се боревме да ја обединиме Македонија, а очекувавме на помош да ни пријде Америка и да ни даде оружје. Ако не беше провалата, ќе добиевме оружје. На Конгресот што го одржавме во село Град, кај Градско, се донесоа директиви да се формираат групи кои постепено ќе се вооружуваат и ќе излегуваат в планина за водење на комитска борба- ги објасни тогаш целите на организацијата Доцев.

Инаку, Доцев учествува и на конгресот на Движењето за обединување на Македонија во 1971 година во Брисел, иако првично конгресот бил закажан како „Конгрес на ВМРО“. Поради политичките активности Доцев на трипати е затворан, а неговото политичко досие е едно од најголемите и брои 1.502 страници. На ова досие се надовразуваат и досиеата водени во „Идризово“ и е за атнетатот на поранешниот претседател Киро Глигоров, кои заедно се напишани на преку 4.800 страници. И покрај се што му се случува, тој во 1990 година е еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ.

Ставот на ВМРО-Правда е дека Македонија е посрбена и дека треба да се борат за обединување со Пиринска, зашто не можеле да ја прифатат како бугарска, туку како дел од Македонија, продаден од страна на Србите на Бугарите.

– Нашите ставови беа точни, бидејќи Југославија ги доби Босилеград и Димитровград како замена за Пиринска Македонија (официјално Бугарија и плати воени репарации на Југославија како учесник во Втората светска војна на страната на фашистите-н.з.)- тврдеше Доцев, додавајќи дека било зацртано обединување со Егејска Македонија.

ВОСТАНИЕТО ЗАВРШИ В ЗАТВОР

Во моментот кога се подготувале вооружените групи да излезат на Плачковица, и со браќата од Пиринска и Егејска Македонија да ја почнат борбата за обединување на Македонија, на 24 мај 1950 година, организацијата е провалена. Таа ноќ се упасени 47 члена на организацијата. Доцев е уапсен два-три дена подоцна, во Свети Николе.

– Веднаш не ставија во ќелии. Без да не испрашуваат. Ни удрија силен ќотек. Најмногу ме удираа по бубрезите. Не тепаа со едни четвртасти гуми. Тоа им беше малку, па ми влегоа во ќелија и ме натераа да легнам, а рацете да ми бидат испружени напред. Еден Лазо Шалев ми застана на грбот, другите почнаа да ме удираат по табаните. Тоа беше најстрашното и најболното тепање, кое се повтори и во 1972 и во 1981 година. По тие удари 13-14 дена не можев да застан на нозе, зашто нозете ми беа отечени- раскажа за болните маки во затворската ќелија Доцев.

Во тие болни моменти Доцев го одржувала само една мисла: дали другарите излегле во планина и дека има можност тие да дојдат и да ги ослободат. И при првото апсење, и наредните во 1972 и во 1980 година, еден полициски службеник, Перо Самарџиски,ги обвинува Доцев и неговата група дека се „чентовисти”, велејќи им дека ќе отидат во Идризово и дека таму ќе се видат со Ченто.

– Вие ли ќе барате некаква обединета Македонија. Ние сме тие, велеше Перо, што треба да ја добиеме Македонија, а таа е оваа, што ја имаме сега. Таа не може да биде ништо друго туку во рамките на Југославија и под српско покровителство- раскажуваше Доцев.

По ова, тој, истиот Перо, го прашал дали ги познава Стојан Опата, Добре, Ацо, Саит, сите истакнати членови на ВМРО-Правда. Откако овој рекол дека незнае ништо за нив, Самарџиски му ја удира главата од ѕид, а при паѓањето со коленото го удира и во стомакот, така што Доцев се онествестува. Ова било малку, па со камшици го докосурувале. Но тоа не било се. Во штипскиот затвор или не им давале храна, или, ако им давале, ја пресолувале, за подоцна да ги придобијат со тоа што ќе им дадат вода. Едно од најтешките мачења е таканареченото „склек“.

– На ѕидот во ќелијата имаше две големи алки. Затвореникот клекнуваше на колена, а рацете му ги ставаа во алките, прито со грбот беше свртен на кај ѕидот. Ако се обидеше да ги олабави рацете го оптоваруваше ‘рбетот. Ако малку го ослободеше ‘рбетот, алките се затегнуваат и велгуваат во месото и зглобот. Овие сеанси траеја и по три часа- се присеќаваше Доцев на болните измачувања.

Доцев е осуден на 11 години затвор. Во тој период од 1949-1951 година, според Доцев, во Македонија се уапсени  7.330 средношколци, кои подоцна се осудени. Покрај тепањето во затворските денови тој работи тешка физичка работа во Отешево. Тука учествува во подготовките за бегство на 150 затвореници. Но, и оваа акција е провалена од службите на Југославија и Грција. Според Доцев во 1952 година се случва чудна работа, ги ослободуваат, затоа што имале по 18 години. Наутро и навечер морал да се пријавува во полицијата во Свети Николе.

МУ ГО ПОДМЕТНУВАЛЕ АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ

По препорака на пријатели заминува во Скопје, затоа што им се спремало ново апсење. Работи во „Култура“, каде што почнуваат да се печатат дела за Гоце Делчев и „Историјата на македонскиот народ“, кои повторно внесуваат немир во неговата душа за Македонија и македонското. Сепак, ова било неприфатливо за многу „Македонци“ од власта, а Иван Бабамов му се заканувал дека ќе го уапси, за кого Доцев вели дека му подметнувал разно-разни работи за да се догребе до некоја функција.

Поради србизацијата на Македонија, од страна на Лазар Колишевски, на 8 ноември 1971 година е испланирано да направат атентат врз него во родното Свети Николе. Но, таа година Колишевски не дошол на денот на ослободувањето (8-ми ноември) на Свети Николе. Атентатот пропаднал. Инаку на оваа листа бил и Страхил Гигов. Како предупредување за србизацијата на Македонија во март 1972 година се поставуваат бомби во Скопје во дописништвото на „Политика“, неколку киосци на „Политика“, во Грчкиот конзулат, во Францускиот културен центар.

– Немавме намера да има жртви. Внимававме на тоа. Сакавме да влијаеме против присутните пртеставништва кои ја пропагираа великосрпската идеја- посочуваше Доцев, нагалсувајќи дека со овие акции сакале да ја разбудат националната свест, дека имаа организација која сака да ге обедини трите дела на Македонија.

По подметнувањето на бомбите, Доцев е осуден на една и пол година затвор, Костадин Диневски на четири, Панде Ефтимов на една и пол, Никола Димитров на шест и Дончо Симеонов на пет години затвор. Второстепениот суд му ја дуплира казната. Во 1975 година 16-17 месеци поминува во централниот затвор во Блеград, под обвинение дека продавал катран. Четири месеци е испрашуван во приватна куќа. Сепак, прогонувањето било поради неговите идеи за обединета Македонија, бидејќи во текот на истрагата негирале се што е македонско, односно ја негирале азбуката, му ја пцувале „бугарската мајка“, а македонската нација ја нарекувале циганска нација. Осуден е на четири години затвор. Со жалба до Врховниот суд се ослободува.

Последниот прогон од полицијата го доживува во 1995 година на 3 октомври, кога е направен атентатот на претседателот Киро Глигоров. Кај него дома веднаш дошле двајца полицајци, кои го однеле во полициската станица во „Автокоманда“ во Скопје. Се обидувале да го наместат за атентатот, за што повикале и лажен сведок. По жестоката реторика со сведокот Доцев му удира шлаканица, затоа што лажел, при што ја напаѓа полицијата дека подметнува лажни сведоци. Го пуштиле наредниот ден, но по два-три дена повторно го повикале во МВР. Сепак го ослободиле, зашто немале докази, а тој им рекол дека со неговото малтретирање се покриваат некои работи во полицијата во врска со атентатот.

ВЛАДАТА ГИ НАГРАДУВА КОДОШИТЕ И МАЧИТЕЛИТЕ

Мината недела Владата седница го усвои предложеното законско решение на Министерството за правда со кое одлуките од лустрацијата и правните последици ќе станат ништовни. Станува збор за Предлог – закон за огласување ништовност и поништување на правни акти, дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација.

Со овој закон, како што рекоа од Владата, сакаат да исправат една долгогодишна неправда направена кон лицата кои беа жртви на постапките пред Комисијата за верификација на факти (по позната како Комисија за лсутрација) и други надлежни органи, за кои јавноста беше запознаена и преку случаите на нарачаните лустрации, споменувани во објавените телефонски разговори.

По сила на овој закон во целост стануваат ништовни сите правни акти, дејствија и мерки донесени односно преземени од Комисијата за верификација на фактите и други надлежни органи.

Воедно, Министерството за правда додава дека со овој закон во целост стануваат ништовни сите правни последици што ги произвеле правните акти, дејствија и мерки.

Од друга страна, оштетените лица од донесени акти и одлуки на Комисијата за верификација на фактите и други надлежни органи или нивните наследници, доколку тие се починати имаат право на надомест на штета со поднесување на тужба пред надлежен суд против Република Северна Македонија, согласно одредбите од Законот за облигационите односи, во рок од 60 дена од денот на влегување во сила на овој закон, соопштија од Владата.

Многу провидно и неумешно од Владата, бидејќи жртвите на комунизмот, едноумниот систем, како Ѓорги Доцев остануваат само жртви и маченици, додека нивните мачители може и да бидат наградени. Уште многу семејства има што да кажат на оваа тема. Многу мајки, споруги, браќа, сетри, деца и пријатели многу ноќи не проспале, живеејќи во постојан страв за судбината на своите најблиски и за себе, а пролеаните солзи се врисокот на неправдата. Поради ваквата парадигма Македонија се вбројуваше меѓу последните бастиони на комунизмот на Балакнот, па и пошироко, а во процесите на интегрирање бевме ставени на најниско ниво.

Да потсетиме жртви на кодошењето беа личности како актерот Ристо Шишков, Ѓорги Колозов, Симон Дракул, па Благоја Kорубин, Душко Наневски, Јован Поповски, Радован Павловски, Бранко Заревски, Миле Неделковски, Тома Шијак, Гане Тодоровски, Петре М. Андреевски, потоа Јован Котевски и многу други.

Комисијата за лустрација има прочешла илјадници тајни досиеја, а над 200 лица беа прогласени за поранешни соработници.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.