Политички триаголник: Трамп ја обвинува Кина за проблемите со Северна Кореја

Од САД пристигнуваат контрадикторни изјави околу учеството во воените вежби со Јужна Кореја. Трамп сега ја обвинува Кина дека му врши притисок на Пјонгјанг.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, ја обвини Кина дека не го цени доволно неговиот напор во преговорите со Северна Кореја, околу напредокот во процесот за денуклеаризација.

Во серија на твитови, секретарот за одбрана во Белата куќа, рече дека воените вежби можат да продолжат. Оваа расправа за воените вежби доаѓа после критиките дека Северна Кореја не напредува доволно брзо во денуклеаризацијата.

Договорот беше да се демонтираат нуклеарните и ракетните локации после самитот помеѓу Трамп и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, во јуни.

Трамп во споменатите твитови, сега вината за тоа и ја префрлува на Кина, но и понатаму ги фали своите лични односи со лидерите на Северна Кореја и Кина.

Од друга страна пак, Кина го обвини Трамп дека им ја префрлува вината,  поради сопствените проблеми во односите со Северна Кореја.

Овие конфузни критики, пофалби и прикриени закани доаѓаат во време кога Вашингтон се соочува со се поголем притисок, со цел да се покажат некои резултати после преговорите со Северна Кореја.

Веднаш после споменатиот самит со Ким Џонг Ун, Трамп најави дека „Северна Кореја повеќе не е нуклеарна закана“.

Пред неколку дена, Вашингтон се откажа од посета на Северна Кореја. Во оваа земја не отиде американскиот државен секретар Мајк Помпео со претседателот, тврдејќи дека не е постигнат доволен напредок во целосното укинување на нуклеарната програма.

Зошто Трамп ја обвинува Кина?

Во своите последни коментари на Twitter, Трамп вели дека Северна Кореја се наоѓа „под голем притисок од Кина, поради нашите главни трговски конфликти со кинеската влада“.

Пекинг е единствениот значаен партнер на Пјонгјанг и се смета дека има големо влијание во донесувањето на нивните одлуки, а од друга страна Пекинг е исто така најмоќните долгорочен стратешки ривал на Вашингтон.

САД и Кина се наоѓаат во се потензична трговска борба, односно и двете страни си наметнуваат се поголеми даноци една на друга.