Politico: Зеленски стравува дека САД намерно ја преувеличуваат заканата за Украина

1150

Украинскиот претседател Владимир Зеленски стравува дека американската администрација можеби намерно да ја предимензионира наводната закана од руска инвазија врз неговата земја, бидејќи тоа ќе му олесни на Вашингтон во стратешките преговори со Москва, се наведува во написот кој се повикува на извори објавен во петокот во американското издание Politico.

„Во ноември (…) Зеленски го вклучи алармот погласно од кога и да е… Меѓутоа, во последно време Зеленски се обидува да создаде впечаток на смиреност и им кажува на своите колеги, особено на претседателот (на САД) Џо Бајден, дека моменталната конфронтираност со Русија не е толку страшна“, се истакнува во написот.

„Промената во настроението на Зеленски, според блиските до него и до неговиот тим, делумно се должи на зголемената иритираност од администрацијата на Бајден. Функционери во Украина и некои во Европа веруваат дека САД предвремено и необмислено дозволија дипломатите да заминат од Украина, што го исплаши локалното население, како и финансиските пазари. Поради тоа, зголемени се задолжувањата за Киев“, се додава во материјалот.

Во тој контекст Зеленски зборуваше и во петокот на средба со неколку странски медиуми при што посочи дека поради паниката околу ситауцијата на украинската граница со Русија, од Украина се повлечени веќе 12,5 милијарди дилари.

„Нашата држава не може самата да се справи со ваквите предизвици. Ќе ја стабилизираме националната валута од државните резерви, но тоа е многу ќе ја чини Украина. Сметам дека за стабилизацијата на нашата економија ќе потрошиме повеќе од 4/5 милијарди долари и не сметаме на помала сума, бидејќи навистина ни е потребен тој износ“, оцени Зеленски.

„Покрај тоа, според еден извор, Зеленски стравува дека САД намерно ја предимензионираат заканата од рускиот претседател Владимир Путин, бидејќи тоа ќе создаде политички простор за склучување договори со Кремљ, што на пример, ќе ја зголеми контролата на Москва врз Донбас. Администрацијата на Бајден, инаку, веќе подолго време негира дека се размислува за нешто такво“, истакнува Politico.

Зеленски на прес-конференцијата во петокот изрази незадоволство ое ескалацијата на Западот за тоа дека војната е неизбежа.

„Тоа не е така“, рече Зеленски и истакнва дека кревањето паника околу ситуацијата на украинската граница многу ја чини неговата земја. Украинскиот челник ги оцени како „погрешни“ и „претерани“ постапките на бројни земји, главно западни, кои ги евакуираа своите дипломати или членовите на нивните семејства од Киев и ја според ситуацијата со бегство од „Титаник“. „Сметам дека во нашиот случај нема Титаник“, рече,

Во текст на Politico од саботата, пак, се наведува дека можеби станува збор за недоразбирање поради јазичните бариери и се појаснува дека станува збор за непостоење соодветен предвод од англиски на украински јазик, односно дека не постои директен превод на украински за „imminent“ (неизбежно) и се преведува со „неминуче“ и во овој напис се наведува дека од тимот на Бајден би можело да биде кажано во смисла „наскоро“, но дека Зеленски американските функционери ги разбрал „ќе има инвазија без разлика што правиме“.

По телефонскиот разговор од четвртокот меѓу Бајден и Зеленски, администрацијата во Вашингтон ги отфрли наводите на медиумите дека американскиот претседател на украинскиот челник му рекол дека инвазијата врз Украина е „речиси неизбежна“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.