„Со лажен пасош Груевски некако успеал да стигне до Тирана, а од таму го превзеле унгарските власти. Со првиот авион на „Малев“ директно од Тирана стигнал во Будимпешта“, пишува во он-лајн изданието на српска „Политика“.
Оваа информација ја извади српското издание утринава од блиски извори дека екипажот на „Малев“ не знаел кој е човекот со очила и шешир кои никако не ги вадел за време на летот.
„Политика“ пишува дека кога потерницата стапила во сила, Груевски веќе бил во Будимпешта каде им испратил порака на властите дека успеал да ги изигра.
Некои информации говореа дека Груевски преку Србија е избеган во Унгарија. Засега нема официјални информации како екс премиерот без пасоши (двата му се одземени од Судот) успеал да ја премине границата и да влезе во земја членка на Е.У.