Само што се објави моето писание под наслов „Кој сака МАНУ да ја претвори во дувло на политичка партија“, се огласија многу академски интелектуалци за поддршка, со образложение дека политиката дели и поставува награди и академици. Жално, ама вистинито!
Затоа, сите Вие мои поддржувачи, Ви предлагам да го кренете јавно гласот (не анонимно!) да се отпочне јавна дебата, јавна петиција, да се блокираат овие процеси на политичкото делување за доделување награди и поставување академици. Не затоа што имам нешто лично против овие личности, туку, до израз да дојде научниот опус и даден прилог и придонес во науката, без разлика од која научна област произлегува.
Да почнам по ред:
Скандал. Читам, не верувам. Скандал, „13 НОЕМВРИСКА награда на град Скопје за 2021“ година се доделува од областа на науката на професор д-р Денко Малески професор во пензија, за како што стои: „за посебен долгогодишен придонес во развојот на науката и високото образование“. Комисијата што ја именува Одборот е во следен состав: претседател Вангелина Мојаноска и членови: Лорета Георгиевска-Јаковлева, Газанфер Бајрам, Севдаиљ Демири, Халил Зендели, Бранко Цветкоски, Виолета Томовска, Петре Арсовски, Роландо Кутиров, Љубиша Станковиќ и Даница Стојанова.
Почитуван претседател на комисијата Вангелина Мојаноска, како и попратната комисија, треба да одговорите и сте должни на македонската јавност и пошироко да и’ објасните и образложите, кој е придонесот во областа на науката, развојот и придонесот во високото образование на професор д-р Денко Малески значајно за Македонија???
Ако ме упатувате, почитувана колешке Мојаноска на Википедија, Ви благодарам, таму е многу скромно, никаде не пишува на што магистрирал или докторирал. Зошто не е објавено и не се знае треба да објаснете Вие од комисијата или добитникот на „13-то ноемвриската“ награда, Малески. Која му е докторска дисертација? За ова ќе се повикам на професорката Каролина Ристова-Астеруд, која открива дека нејзиниот колега Денко Малески, го крие неговиот докторат со кој станал професор на Правниот факултет.
Цитирам: „Професорот Малески докторирал на тема: „Корените на американскиот империјализам“, поконкретно за „Марксистичката концепција на американската политика“. Зошто Малески го крие неговото „крунско“ научно дело кое комунистичко-марксистичка критика на американскиот империјализам од најлевичарските идеолошки позиции? Ова е неговиот научен опус, кој „придонел за развој на науката и високото образование во Македонија“. Ова е трагикомично!!!
Неговиот придонес во „областа на науката“ е тоа што открил дека: „македонскиот и бугарскиот народ имаат заедничко потекло“ или дека „Гоце Делчев е Бугарин“ и „Мисирков е Бугарин“.
Придонесот на Малески е во тоа што е советник на претседателот Пендаровски. И како го советува. Јасно е. Претседателот истакна дека „Гоце Делчев е Бугарин“. Иако претседателот Пендаровски не се согласува со неговиот советник во неговите согледувања, ама истиот му останува советник. Ова е за тажење и жалење!!! Ова го има во моја Македонија!!!
После сето ова останува МАНУ под итно да го предложи Малески за академик, бидејќи е од голема „стратешка позиција“. Кога сум тука, МАНУ да не заборави да го награди и професорот д-р Нано Ружин за академик. И овој има голем придонес во „областа на науката“, за тоа ќе ви каже академик Камбовски, овој првиов го замени од ректор академик Камбовски од приватниот универзитет ФОН (на Фијат Цаноски). А, професорот д-р Нано Ружин ја продолжи работата како ректор на универзитетот ФОН. Нано Ружин, за промена на името и за преспанскиот договор, го предложи премиерот (сега во заминување) Зоран Заев за нобелова награда. Па, сега останува Камбовски во МАНУ да го предложи Зоран Заев за академик, а по некое време и почесниот доктор прогласен на Универзитетот во Тетово Али Ахмети (Абаз), кој има „големи заслуги во науката, културата“ за академик.
Мислам дека кога се доделуваат награди треба да се подигне нивото на критериумите. Денко Малески има навистина напишано многу колумни за поддршка на политиките на СДСМ и редно би било да добие годишна награда за најревносен КОЛУМНИСТ! Ништо повеќе, ништо помалку.
Кај мене се поставува и прашањето кој ќе ја додели наградата. Оваа партиска награда може да ја додели претседателката на комисијата Мојаноска, која е сопруга на професорот Цане Мојаноски кој извршуваше високи функции во време на владеење на СДСМ и оттука овој факт го докажува мојот сомнеж за партиската боја и на претседателката на комисијата и на наградениот и на се’ смрдливо околу нив. Исто така оваа награда може да ја додели и поранешниот градоначалник за да види дека со такви партиски комисии, со такви наградени може само да ја изгуби градоначалничката функција која е многу одговорна, а за која одговорност поранешниот градоначалник нема појма.
Во никој случај оваа партизирина награда не смее да ја додели новата градоначалничка која е честита и одговорна личност. Нејзиниот допир со овие лица може лесно да ја инфицира со партиско – индикативно однесување. И краткотрајниот допир со овие лица е опасен за кредибилитетот на една личност која има високи етички и морални вредности како што е почитуваната Данела Арсовска!
Ова се случува во мојата мајка МАКЕДОНИЈА!!!
Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес