„Политико“: На сите им е преку глава ставот на Бугарија, губи пријатели со голема брзина

Бриселски „Политико“ пишува дека по вчерашниот состанок на Советот за општи работи, на кој Софија повторно стави блокада за Македонија, Бугарија е изолирана. Во текстот насловен: „Заборавете на проширувањето, продолжува да вели Бугарија“, неколку дипломати на „Политико“ му изјавиле дека Софија продолжува да го блокира одржувањето на првата меѓувладина конференција поради домашни историски политики кои никој не ги разбира.

„На сите им е преку глава од ставот на Бугарија кон Северна Македонија“, вели еден дипломат за „Политико“. „Тоа е несфатливо, неодбранливо и го дестабилизира Западен Балкан. Бугарија губи пријатели со голема брзина. Среќа е што земјата не може да си го дозволи ова на долг рок“.

„Политико“ уште пишува: „Многумина интервенираа, и од регионот и пошироко, од големите и малите земји, северот и југот, наведувајќи ги геополитиката, стратешкото размислување и едноставниот факт дека имаат намера да го одржат својот збор до двете земји како причини зошто овие разговори треба се одржат. Се разбира, сето тоа падна на глувите бугарски уши. Така, министерот за ЕУ ​​на Германија, Михаел Рот, се огласи на Твитер во надеж дека јавната молба ќе помогне. (Предупредување за расипување: Не.) ‘Ве молам. Билатералните прашања нека се третираат билатерално, без да се блокира целата ЕУ да се движи напред’, рече Рот. ‘Да размислиме стратешки… немаме интерес да оставиме стратешки вакуум таму. Ви благодарам’.

Очигледно дека размислувањата на Бугарија не се стратешки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.