Политико: Опаѓа поддршката за НАТО во Франција и Германија

Популарноста на НАТО во последните години значително е намалена во Франција и Германија, покажа истражување објавено денеска од Институтот за истражување на Пју, пишува европската редакција на Политико.

Според Институтот за истражување, 57 отсто од Германците имаат позитивно мислење за НАТО, што е речиси 20 процентни поени помалку отколку од крајот на 2000-тите години. Во истиот период, во Франција довербата во НАТО е падната од 71 на 49 проценти,

Само 34 процента од Германците и 41 проценти од Французите би сакале нивната земја воено да се вмеша ако друга членка на НАТО биде нападната од Русија. За разлика од тоа, 63 проценти од Германците и 57 процента од Французите би сакале да во таква ситуација да се активира американската армија.

Истражувањето открива значителна разлика меѓу двете земји кога станува збор за тоа дали односите со САД или Русија се поважни. Во Франција 60 процента ги претпочитаат САД, додека само 18 проценти ја избрале Русија. Во исто време во Германија само 39 проценти ги претпочитаат САД во однос на Русија (25 проценти).

И покрај тоа што не е директно поврзано со НАТО или одбрана, анкетираните биле прашани и дали сметаат дека „делови од соседните земји им припаѓаат ним“.

Далеку највисок резултат имало во Унгарија, каде 67 проценти рекле дека веруваат во такви територијални претензии. Вкупно 60 проценти го рекле истото во Грција, додека пониски вредности се утврдени во западноевропските земји како Шпанија (37 проценти), Франција (33 проценти), Германија (30 проценти) и Велика Британија (23 проценти).

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.