Полицијата спречи нова блокада на зградата на украинската Влада

Мал број демонстранти, кои останаа на централниот градски плоштад по синоќешните масовни протести, не можеле да го пробијат полицискиот кордон, па сите кои влегувале во зградата на владата ги дочекале со извиците „срам да ви е“ и „сакаме оставка“.

Денеска би требало да се одржи првата седница на Владата по неколкудневните масовни протести на Плоштадот на независноста во Киев и неколку други украински градови.

Во судирите со полицијата се повредени неколку стотина лица, поради што водечките политичари им се извиниле на граѓаните.