Полковник близок на Путин е пронајден мртов: Пет пати е пукан во гради, а велат дека е самоубиство?!

Полковник Вадим Бојко (44), близок соработник на рускиот претседател, Владимир Путин, е пронајден мртов во неговата канцеларија во Русија.

Како што пишува британскиот таблоид The Mirror, кој се истакнува со пропагантистички текстови во врска со рускиот претседател Владимир Путин, особено по почетокот на војната во Украина, Бојко  кој бил заменик началник на престижната Пацифичко вишо поморско училиште „Макаров“ во Владивосток, пронајден е со повеќекратни рани од куршуми по телото.

„Таткото на две деца, кој наводно бил задолжен за оружје и муниција во елитната академија, дошол на работното место како и вообичаено. Меѓутоа, кратко по влегувањето во канцеларијата, се слушнале пет истрели“, се наведува во текстот на британскиот весник.

Додека првичните извештаи во Русија говорат дека станува збор за самоубиство, медиумот БАЗА, за кој британскиот таблоид без докази вели дека негува блиски односи со полицијата, тврди дека криминалистичките истражители покрај мртвиот полковник пронашле пет чаури и четири пиштоли „Макаров“. Па, од тука го поставува прашање како полковникот можел пет пати да си пука во гради.