Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш во понеделникот изрази жалење што еднаквоста на мажите и жените во светот е сѐ подалеку, а во најдобар случај ќе биде постигната „за триста години“.
„Рамноправноста на половите е сѐ подалеку. Со сегашната ритам, телото UN Women верува дека тоа ќе се постигне за триста години“, истакна Гутереш во говорот на почетокот на двонеделната дискусија во Њујорк организирана од Комисијата за положбата на жените (SWР) и два дена пред Меѓународниот ден на жената 8-ми март.
Генералниот секретар на ОН во салата на Генералното собрание оцени дека „се газат правата на жените, им се заканува, се врши насилство врз нив низ целиот свет“ и дека „пред наши очи исчезнува напредокот постигнат пред неколку децении“.
Како пример го наведе Авганистан, каде талибаните ја презедоа власта во август 2021 година, откако по две децении војна хаоточно се повлекоа САД и без борба падна владата подржувана од нив, и каде што „жените и девојките се исклучени од јавниот живот“.
Гутереш не го спомна Иран, кој беше исклучен од Комисијата за статусот на жените со „непосреден“ ефект на 14-ти декември 2022 година, по иницијативата на западните земји предводени од САД порад потиснување на бунтот кој тогаш беше прикажан како наводно предводен од жените од септември истата година.
„Вековите на патријархатот, дискриминацијата и болните стереотипи создадоа јаз меѓу половите, во науката и технологијата“, сектори во кои „само три отсто од добитниците на Нобеловата награда се жени“, рече тој.
Им оддаде почит на „француската научничка Емануел Шарпентие и Американката Џенифер Дудна кои беа првиот женски тим во историјата што ја доби Нобеловата награда за наука пред три години (2020)“ во областа на хемијата.
„Машките тимови се наградени 172 пати“, додаде тој. „Патријархатот возвраќа. Така сме и ние. Тука сум да дадам јасна и одлучна порака: Обединетите нации стојат со жените и девојките насекаде“, заклучи генералниот секретар.