Половичен успех во преговорите помеѓу Минчо Јорданов и ракометарите

Иако се постигна договор ракометарите да патуваат во Шпанија за мечот од Лигата на шампионите против Ла Риоха, како не би се соочиле со ригорозни казни од ЕХФ, кои можат да достигнат и до 500.000 евра и ред други суспензии, сепак барањето Лино Червар да си оди од клубот останува по секоја цена.

Според договорот, Лино Червар има рок од еден месец да си замине од клубот, по што повторно ќе се седне на преговарачка маса за да се досредат сите проблеми во клубот.

Инаку од клубот веќе си заминаа Станиќ, Коциќ и Липовина, а се очекува тоа да го сторат и Марсениќ, Циндриќ и Атман, со оглед на тоа дека клубот им должи плати за речиси половина година.

Како и да е, барем засега клубот е спасен од класична катастрофа, а во кој правец ќе продолжи оваа ситуација, ќе покаже периодот што следува.