Половина државен врв наседна на ЛГБТ шемата на Боки 13

Екцентричниот Бојан Јовановски алијас Боки 13, „хуманитарец“ и ЛГБТ активист, деновиве го следи уште еден скандал. Имено, неговата нова хуманитарна невладина организација, која е со меѓународен предзнак, наводно е непостоечка, пишуваат просдсмовските портали, иако ова лице важи за голем поддржувач на актуелната власт.

Порталот „Доказ“, повикувајќи се на текст од  „Мактел“, информира дека Бојан Јовановски (Боки 13) ја злоупотребил својата непостоечка невладина организација, која дури нема ниту своја интернет страница, со настани во скапи хотели за да се промовира себе си.

Инаку, Боки помпезно го почна проектот на т.н. „Меѓународен сојуз“ за цивилно општество и социјално загрозени категории и експресно оствари средби на високо ниво со премиеррот Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и министерот на МВР, Оливер Спасовски. Тој, како претседател небаре на етаблирана и позната светска хуманитарна организација се состана со половина државен врв во земјава, барајќи соработка за која патем доби и голема поддршка. Поддршка за нешто што ниту се знае како ќе функционира, ниту пак зад себе има некакви резултати. Претпоставките се дека единствено што се наѕира е пропагандата на ЛГБТ заедницата, добро платена со меѓунардни ЛГБТ фондови за лобирање.

Сето ова доби на сила од неодамна кога министерот за култура Роберт Алаѓозоски, отворено застана зад ЛГБТ заедницата, отворајќи дебати и настани на кои се дискутира за наводното маргинализирање на оваа група.

Потоа, синхронизирано следеа платени реклами за легализација на хомосексуални бракови, како да во земјава се е решено, па дојде време од досада да се отвораат какви било теми, во општество со традиционални семејни вредности.

Во недостиг на идеја за обликување на подобра економска клима, новата власт почна со популистички мерки, како екстернототестирање и кембриџ програмата во училиштата, па можеби и ставање на дневен ред на тема како популаризирае на барањата на ЛГБТ заедницата, е нешто зад што ќе ја сокрие својата немоќ да се соочи со ветените проекти пред граѓните, но и ветеното пред своите коалициони партбери.

Боки на својот последен јавен настап, промовираше и една своја „животна желба“, да посвои три деца, ама ќе си одберел едното да биде православно, другото муслиманче, а третото да било со пречки во развојот. Веројатно ќе си ги подигне од специјализираи излози, а за што ќе му помогне неговара пријателка, министерката Царовска, задолжена за изполнување на желбата на Боки.

Може ли некој да ја злоупотреби хуманоста како поим и нечија тешка животна судбина за сопствена промоција?! Може ли некој притоа да лаже дека постои некаква меѓународна невладина која отворила филијала во Македонија па му дала титула претседател и тоа во голема конкуренција со некакво тајно гласање и слично, а всушност да не постои никаква меѓународна организација, ниту во светот ниту во земјата, сето тоа да биде само една идеја и поради една идеја и поради славата на шоуменот тој да успее да договори средби со премиери, министри и градоначалници и амбасадори без никаква постоечка невладина и без никакво реално искуство со хуманитарна активност и без мрежа на терен, само со наводна желба да се помага која допрва треба да ја видиме на дело?! Очигледно дека со Боки 13-ка се е можно, со овој човек само небото е лимит, пишува „Доказ“.

Порталот „Денешен.мк“, пак, денеска објави дека многу чудно е тоа што невладината е основана истиот дена кога Јовановски е избран за нејзин претседател и тоа на тајно гласање на 52 делегати од земјава и од Европа.

„Нетпрес“ побара од Јовановски реакција на тврдењата дека  „Меѓународен сојуз-Скопје“ е непостоечка невладина организација, меѓутоа, до објавата на текстов одговор од него не добивме.

Хуманитарецот, кој очигледно е вљубен во луксузот и по тоа начело се однесува по теркот на светските џет-сетери и милионери, подарува станови и згрижува социјални семејства. Во последнава година води силна Пи-Ар кампања, која треба да го покаже во светло на голем добротворец, за кој скромноста по дефиниција не е доблест. Може да се забележи и дека прилично се „труди“ да го покаже тоа.

Покрај хуманите гестови кои како да требаше да го олицетворат во некое „министерство за социјала“, во јавноста неминовно се поставува прашањето од кое ли небо оддеднаш паднаа купишта пари, и со која цел иконата на ЛГБТ заедницата, токму сега го зголемува своето влијание и тоа преку хуманитарни подвизи.

Неговата фамозна изјава дека сака да посвои три деца, едно од православна, едно од муслиманска вероисповед и уште едно кое ќе биде со пречки во развојот, се совпаѓа со периодот на кампањата која деновиве почнува да ја обликва владејачкото мнозинство, да се овозможи и хомосексуални парови да посвојуваат деца, ставајќи ја оваа можност под закрилата на основните човекови права. Јовановски, пак, при јавното кажување на неговата желба да посови деца се изјасни како „самец“.

ЛГБТ сајтот Queer.mk почна со платена кампања и реклами во Македонија со наслов и порака дека премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев е отворен за дебата за легализација на хомосексуалните бракови, што значи и посвојување на мали деца од страна на хомосексуални двојки.

Фросина Ременски од СДСМ со силна поддршка лично присуствуваше на неговата објава за желбата да посвои три деца.

Пратеничката Ивана Туфегџиќ која е дел од владејачкото мнозинство и стана пратеник како кандидат на СДСМ, пак, во петокот вечерта во текот на гостувањето на Топ Тема на Телма телевизија, изјави дека хомосексуалците треба да склучуваат бракови и да посвојуваат деца.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.