Половина од светските демократии во пад

Половина од светските демократии се во состојба на пропаѓање со влошени граѓански слободи и владеење на правото, а авторитарните влади стануваа уште порепресивни, предупредува во својот извештај од средата Институтот за демократија и изборна помош (IDEA) чие седиште е во шведската престолнина Стокхолм.

Во својот годишен извештај IDEA наведува дека демократските институции се поткопуваат поради проблемите коишто, меѓу другото, вклучуваат ограничување на слободата на изразувањето, како и сѐ поголемата недоверба во легитимитетот на изборните процеси.

Како посебни предизвици од IDEA истакнуваат неколку чинители коишто придонесуваат за влошување на состојбата на демократиите во светот: пандемијата на Covid-19, климатските промени, претстојната глобална рецесија и војната во Украина.

„Светот се соочува со повеќе кризи истовремено, од растот на животните трошоци до ризикот од нуклеарна војна и галопирачките климатски кризи. Истовремено, сведоци сме пад на демократските стандарди во светот. Тоа е токсична мешавина“, пишува во извештајот од студијата за 2022 година на институтот кој ги следи и собира податоците за состојбата на демократијата во светот од 1975 година.

Институтот го темели својот индекс на Глобалната состојба на демократијата на повеќе од 100 варијабили, од слободата на изразувањето до личниот интегритет и прашањата од сферата на безбедноста.

Во извештајот се истакнува дека бројката на земјите коишто „назадувале“, во коишто е забележана „сериозна ерозија“ на демократиите, никогаш не било толку голема.

Како земјите со проблеми на голема политичка поларизација, дисфункционални институции и заканите за граѓанските слободи, во извештајот на IDEA ги споменуваат САД, Полска и Унгарија.

Во Европа, речиси половината демократии бележат забавување, но притоа се истакнува дека „демократските вредности и институции се клучниот штит против руската агресија, не само во Украина, туку и во земјите во регионот“.

„Руската војна во Украина ја потресе Европа, принудувајќи ја да ја го преиспита своето безбедносно опкружување и да се фати во костец со енергетската криза и со кризата на несигурноста на храната“, се наведува во извештајот на IDEA,

Демократијата на глобално ниво, како што се заклучува во извештајот, се изложени на разни закани, а актуелен проблем претставува легитимноста на изборните резултати, ограничувањето на слободите и правата на интернет, вкоренетата корупција и растот на екстремно десничарските партии.

„Никогаш досега не било поитно демократиите да одговорат на овие предизвици и да им покажат на своите граѓани дека е можно да се склучуваат нови иновативни општествени врски кои не нѐ делат туку обединуваат“, паушално истакнуваат во IDEA.

Кога станува збор за авторитарните системи, од IDEA се тврди дека нивниот број во последните шест години се удвоил, меѓутоа Африка се покажала поотпорна на нестабилноста во светот, и Гамбија, Нигер и Замбија забележале наводно демократско придвижување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.