Половина Скопје вечерва без вода

Поради дефект на улицата „Душан Таскович“ во населбата Железара од 18 часот без вода се корисниците од населбите Топанско поле, Чаир, Скопје Север, Бутел и Гази Баба.

Од „Водовод и канализација“ попладнево информираа дека поради дефектот се исклучени пумпите во пумпната станица Гази Баба и дека прекин на водоснабдувањето ќе има до санирање на дефектот.