Половина век на леноновата „Imagine“

Стихот од евергринот „Imagine“ кој Џон Ленон го напишал со помош на својата сопруга Јоко Оно, беше проектиран на згради ширум светот во средата вечерта во знак на одбележувањето на 50-те години откако овој лидер на легендарната ливерпулска четворка The Beatles ги објави славната песна и истоимениот албум.

Од зградата на британскиот парламент и лондонската Катедрала на свети Павле па до њујоршки Тајмс Сквер, стихот „Imagine all the people living life in peace“ (Замисли сите луѓе да живеат во мир“, беше проектиран на зградите по повод годишнината.

Ленон албумот „Imagine“ го објави на 9-ти ноември 1971 година, а насловната нумера од тогаш се смета за една од најдобрите во историјата, според изборите на музичките списанија.

„На Џон ова многу би му се допаднало. ‘Imagine’ го отелотвори она во што тогаш заедно верувавме“, изјави Јоко Оно.

„И натаму сме заедно и натаму веруваме во тоа. Тоа чувство е подеднакво важно денес колку што беше и кога песната е објавена пред 50 години“, додаде.

Стихот претходно во вторникот вечерта беше проектиран и во Берлин, Токио и Ливерпул, родниот град на Ленон.

По повод јубилејот во петок во продажба ќе биде пуштен ограничен број примероци од двојната бела плоча на „Imagine“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.