Половината британски конзервативни гласачи поддржуваат национализација на енергетскиот сектор

Речиси половината од гласачите на владејачката британска Конзервативна партија ја поддржуваат национализацијата на енергетската индустрија, заговарајќи со тоа поништување на приватизацијата којашто на половината од втората половина на минатиот век ја спроведе конзервативната премиерка Маргарет Тачер, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мнение објавени во понеделникот.

Британската влада се соочува со сѐ повеќе повици да ги усвои новите мерки за да им помогне на граѓаните со плаќањата на сметките за енергијата кои од достигнаа историски незапаметени нивоа.

Регулаторот „Ogfem“најави минатата седмица дека домаќинствата во новата сезона за загревање ќе плаќаат за 80 отсто повисока цена за енергијата, од околу 3.549 фунти, или 4.200 евра, годишно во просек.

Анкетата на агенцијата YouGov покажала дека 47 отсто од оние кои во моментов на следните парламентарни избори планираат да гласаат за Конзервативната партија, го поддржуваат враќањето на енергетската компанија во јавна сопственост. Против се 28 отсто од анкетираните, а 25 отсто не се сигурни што е подобро, според анкетата којашто ја нарачал весникот The Times.

Национализацијата на енергетскиот сектор ја поддржале 53 отсто од испитаниците коишто на последните парламентарните избори во 2019 година гласале за конзервативната политичка опција.

Британските снабдувачи со енергија ги приватизираше пред повеќе од 30 години конзервативната премиерка Маргерет Тачер. Лабуристите под водство на поранешниот лидер Џереми Корбин се залагаа за национализација, но новиот нивен челник Кеир Стармер смета дека парите би требало да бидат насочени на помош на граѓаните.

Министерката за надворешни работи Лиз Трас, која се смета за фаворитка за нов лидер во Конзервативната партија и следствено наследник на премиерот Борис Џонсон, изјави дека преферира намалување на даноците наместо директна финансиска помош за граѓаните во кризата со енормно зголемените животни трошоци.

Анкетата на YouGov, спроведена минатиот вторник и среда пред регулаторот да ги објави новите цени на енергијата, покажала дека 55 отсто од испитаниците ќе бидат присилени да го намалат или ограничат загревањето на домовите следните месеци.

Високи 21 процент признале дека нема да можат да го затоплуваат својот дом, „освен во многу ограничен обем“, а 5 отсто сметаат дека воопшто нема да можат тоа да си го дозволат.