Половината жители во Европа ќе бидат заразени со омикрон, предупредува СЗО

Омикрон варијантата на коронавирусот е на пат да зарази повеќе од половината Европејци, а Covid-19 сѐ уште не треба да биде третирана како ендемска болест како грипот, порача во вторникот Светската здравствена организација (СЗО – WHO).

Во Европа во првата седмица од 2022 година се потврдени повеќе од седум милиони новозаразени со коронавирусот, двојно повеќе отколку пред две седмици, информираше директорот на одделот за Европа во СЗО, Ханс Клуге на редовниот брифинг со новинарите.

„Со ова темпо, Институтот за метрика и процени во здравството прогнозира дека повеќе од 50 отсто од популацијата во овој регион ќе биде заразен со омикрон сојот во следните шест до седум седмици“, изјави Клуге алудирајќи на податоците од истражувачкиот центар на Универзитетот Вашингтон.

Педесет од 53-те земји коишто ги покрива одделот на СЗО во Европа и во централна Азија потврдиле сличаи на зарази со оваа позаразна варијанта на коронавирусот, додаде Клуге.

Посочи, дека меѓутоа се појавиле докази дека омикрон сојот повеќе го зафаќа горниот респираторен тракт отколку белите дробови предизвикувајќи поблаги симптоми од претходни варијанти на коронавирусот. Сепак, СЗО напоменува дека треба да бидат спроведени дополнителни истраќувања за тоа биде верификувано.

Шпанскиот премиер Педро Санчез претходно во понеделникто рече дека можеби е време да се промени начинот на кој се следи развојот на пандемијата и да се користи методата случна на следењето на епидемиите на грипот, бидејќи опаднала смртноста. Тоа би значело коронавирусната болест да се третира како ендемична а не пандемична, односно да не се регистрира секој случај на заразата и дане се тестираат сите луѓе со симптоми.

Во СЗО, исто така, сметаат дека се потребни натамошни истражувања за да се утврди дали постојните вакцини против Covid-19 даваат соодветна заштита од многу заразната омикрон варијанта. Во организацијата сѐ уште не знаат дали ќе биде потребна нова вакцина за омикрон сојот.

„Потребни се натамошни истражувања за подобро да се разбере како омикрон го избегнува имунитетот создаден од вакцините и претхондата зараза и одговорите на омикрон сојот на вакцините“, истакнуваат од СЗО.

Анализата на британската Агенција за здравствена безбедност покажа дека дополнителната ткн „бустер“ доза од вакцините прижа високо ниво на заштита кај повозрасните од тешки форми на болеста, но траењето на таквата заштита од поблагите симптоматски инфекции е пократко и паша на околу 30 отсто за околу три месеца.