Положани: Последните настани даваат сигнали за техничка влада и нови избори

115

Вчерашните настани каде по наредба на јавниот обвинител за гонење на организиран криминал и корупција, одземен и е телефонот на обвинителката Катица Јанева, која се сомничи дека е вклучена во вчерашниот случај кој беше отворен од страна на Јавното обвинителство, каде што главните осомничени се Бојан Јовановски познат како “Боки 13” и бизнисменот Зоран Милевски, политичкиот аналитичар, Шпетим Положани ги гледа како знак за техничка влада и нови избори, пишува Журнал.

-Падна Катица. Паѓаат и сите обвинувања, одлуки и пресуди на Специјалното обвинителство, и еве ви терен за национално помирување. Сите знаци се за техничка влада и нови избори, изјави за Журнал, Шпетим Положани, политички аналитичар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.