Положбата на малцинствата во Бугарија е влошена

На Алфа телевизија вечерва во емисијата „Уредниците на Алфа” за малцинствата и човековите права во Бугарија говореше Красимир К’нев претседателот на Бугарскиот Хелсиншки комитет и истакна дека тие се влошени откако ВМРО е дел од владеачкото мнозинство во Бугарскиот парламент.

-За прв пат во бугарската историја Бугарското ВМРО, односно Џамбаски, побара да се укине Бугарскиот Хелсиншки комитет. Формалниот повод е таканареченото мешање на нашата организација во работата на судската власт. Ни есоработуваме со судии, обвинители, полицајци, имаме семинари, конференции и тие кажуваат тоа е влијание врз правосудството и дека се нарушува Уставот. Но, вистинскиот повод е тоа што ние со таа организација ВМРО имаме сериозни битки по повод човекови права. За жал, откако тие станаа дел од владеачкото мнозинство, положбата на малцинствата и човековите права во Бугарија се влошија. Лани имавме скандал кога Уставниот суд не ја призна важноста на Истанбулската конвенција, рече К’нев.